Нашата најдобра фудбалски судијка, интернационалката Ива Пројковска, која се наоѓа во елитната група од 20 најдобри судиии во Европа, доби ново признание од страна на Судиската комисија на УЕФА. Таа ќе биде четврти судија на финалниот меч во Лигата на шампиони за жени меѓу Барселона и Арсенал што ќе се одигра во Лисабон на 24 мај. Главен судија ќе биде Ивана Мартинчиќ од Хрватска, ќе и помагаат нејзините сонароднички Соња Каршиќ и Маја Петровиќ.
Во својата куса, но богата судиска кариера, Пројковска досега има судено повеќе од 100 меѓународни средби како главен судија. Го судеше и финалниот меч на Европското првенство во Шкотска за фудбалерки до 19 години меѓу Германија и Франција.
Минатата година ја имаше таа чест да го суди првиот натпревар на отворањето на Светското првенство во Колумбија, фудбалерки до 20 години меѓу Аргентина и Северна Кореја.
Интересно е да се напише дека делегат на полуфиналниот меч во Лигата на шампионите за жени меѓу Барселона и Челзи (4-0), беше Александра Пејковска, делегат на ФФМ во УЕФА.
Инаку, највисока функција на натпреварите на УЕФА во историјата на македонскиот фудбал досега ја имал поранешниот генерален секретар на ФФМ, Филип Поповски, кој минатата година беше делегат на финалниот натпревар на Европското првенство во Германија меѓу Шпанија и Англија.
М.М.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА