Признание за Македонецот: Филип Кузмановски во тимот на колото на Бундес-лигата

Филип Кузмановски беше меѓу најзаслужните за одличниот настап на Хановер и ремито против Фуксе Берлин, па македонскиот ас оправдано се најде и во идеалниот тим на 27. коло од Бундес-лигата.

Македонскиот бек постигна пет погодоци, имаше и неколку одлични асистенции, со што заслужено беше избран за најдобар среден бек во изминатата рунда од елитното германско ракометно друштво.

Кузмановски имаше индекс на корисност од 83. обезбедувајќи му место во идеалниот тим крај Линдберг, Ване, Мелер, Пекелер, Јепсон и Кристјансон.

Се вчитува...