Проблем до проблем: Германците без 11 фудбалери против Аргентина

Германскиот селектор Јоаким Лев се соочува со сериозни проблеми во пресрет на пријателскиот натпревар против Аргентина, со оглед на честите повреди на најдобрите фудбалери на германскиот национален тим. Поточно, Лев за репризата од финалето на СП 2014 нема да смета дури на единаесет фудбалери кои вообичаено се дел од неговите списоци, па ќе мора да експериментира против силниот противник.

Тони Крос поради повреда на мускулот отпадна од комбинација во текот на викендов, приклучувајќи се на долгата листа на повредени фудбалери на која се наоѓаат уште: Дракслер, Гинтер, Горецка, Гундоган, Хектор, Керер, Рудигер, Сане, Шулц и Вернер.

Поради ваквата ситуација, Лев дополнително го повика фудбалерот на Шалке, Суат Сердар. По пријателскиот меч со Аргентина, Германците потоа ги очекува и квалификацискиот дуел со селекцијата на Естонија.

Се вчитува...