Проблем и за Србија пред ЕП: Тешка повреда на Гудељ

Репрезентацијата на Србија ќе биде драстично ослабена на престојното Европско првенство кое оваа година ќе се одржи во Германија откако заврши сезоната за Немања Гудељ.

Дефанзивниот играч за врска заработи повреда на натпреварот помеѓу Севиља и Атлетик Билбао во 19. коло од Ла Лига, а неговиот клуб денеска соопшти лоши вести.

Триесетидвегодишникот заработил повреда на менискусот на левото колено и наскоро ќе помине низ оперативен зафат по што следи пауза од најмалку три месеци пред да може да се врати на теренот со што шансата да заигра на континенталниот собир е сведена на минимум.

Гудељ е еден од најстандардните играчи во составот на Драган Стојковиќ, а неодмана ја носеше и капитенската лента на натпреварот против Белгија.

Се вчитува...