Проблем во најава: Барди во трка со времето за настап против Германија!

Македонија би можела да биде сериозно ослабена на претстојниот двомеч од квалификациите за СП против Лихтенштајн и Германија, откако од Шпанија пристигна веста дека рехабилитацијата на Енис Барди се одвива многу побавно од лекарските прогнози.

Леванте денеска објави дека македонскиот интернационалец не се појавил на тренинзите на тимот, од кои е отсутен уште од последниот репрезентативен собир и повредата што ја заработи на дуелот со Романија. Како што информираат од Леванте, ниту Барди ниту преостанатите четири првотимци не се очекуваат на тренинг во следните денови, што ог прави речиси невозможен нивниот настап викендов против Мајорка, на последниот меч пред репрезентативната пауза.

Барди се наоѓа во трка со времето, а тешко е за верување дека Леванте ќе го ослободи играчот што цел месец нема клупски настап по репрезентативна пауза, за да ризикува нова повреда и уште подола пауза од терените.

Македонија во октомври ја очекуваат две средби од квалификациите за СП 2022, избраниците на селекторот Милевски најпрвин му остуваат на аутсајдерот Лихтенштајн, по што ќе следи и спектаклот во Скопје, каде нашата репрезентација ќе ја пречека моќната Германија.

Се вчитува...