Проблем во најава: Србија игра финале, Јокиќ се врати дома?!

Србија вечерва го игра финалето од „Акрополис купот“ против селекцијата на Грција, а нашиот северен сосед во своите редови го нема својот најдобар кошаркар, Никола Јокиќ.

Асот на Денвер беше најдобар на претходните две средби против Турција и Италија, но не се појави на теренот во Атина на вечерашниот дуел со домаќинот. Првичните информации говорат дека тој се вратил назад во Србија и дека причините се приватни, но Србите стравуваат дека станува збор за повреда, која на десетина дена до стартот на СП може да значи уште една сериозна главоболка за селекторот Ѓорѓевиќ.

Се очекува по завршувањето на финалниот меч српскиот кормилар да открие повеќе детали околу ситуацијата со Јокиќ и причините за неговото отсуство. Нашиот северен сосед во изминатите десетина дена веќе остана без двајца значајни кошаркари за СП во Кина, по повредите што ги заработија Теодосиќ и Милосављевиќ.

Се вчитува...