Проблем во Наполи: Кварацкелија има барање што Де Лаурентис не сака да го исполни

Наполи се мачи да ги „врзе“ своите најдобри фудбалери со нови договори, Де Лаурентис никако не успева да потпише нов договор со Виктор Осимен, а сега се појави сериозна пречка и во раговорите со Квича Кварацкелија. Грузискиот репрезентативец е еден од најслабо платените играчи во тимот со плата од 1,2 милиони евра по сезона, а со оглед на одличните игри што ги прикажува јасно е зошто неколку европски гиганти покажаа интерес да го доведат во своите редови.

Кварецкелија јасно стави до знаење дека сака да остане во Наполи, но и дека очекува нов договор, а токму тука е проблемот за новиот италијански шампион. Имено, грузискиот офанзивец не само што сака зголемување на платата на шест милиони евра, туку и во новиот договор да има клаузула за раскин од 90 милиони евра.

„Наполитанците“ сметаат дека оваа сума е премногу ниска ако се земе во предвид и куповната моќ на клубовите од Саудиска Арабија, па Де Лаурентис инсистира на ваква клаузула од 150 милиони евра, каква што сака да има и во договорот на Виктор Осимен.

Наполи по долго чекање успеа да стигне до шампионското скудето, Де Лаурентис ги задржа клучните играчи од шампионскиот состав со исклучок на Ким, но се чини дека следното лето ќе следи егзодус од таборот на „наполитанците“.

Се вчитува...