Проблем за Арсенал: Крај на сезоната за Мхитаријан

Арсенал ќе мора до крајот на оваа сезона да се снаоѓа без помошта на Хенрик Мхитаријан по сериозната повреда што ерменскиот интернационалец ја заработи на дуелот со ЦСКА Москва.

Одличниот плејмејкер мораше да биде заменет во второто полувреме од мечот од Лигата на Европа, а деталните прегледи покажале дека станува збор за проблем со лигаментите на коленото. Точната пауза од терените ќе биде обелоденета во следните денови, но она што е јасно е дека Ерменецот дефинитивно нема да може да му се стави на располагање на Венгер до крајот на оваа натпреварувачка сезона.

Мхитаријан дојде во Арсенал во зимскиот преоден рок во директна размена за Алексис Санчез, имаше неколку одлични настапи во дресот на „топчиите“, но сега ќе мора подолго време да паузира од терените.

Се вчитува...