Проблем за Баерн: Ал Хилал во офанзива по Луис Дијаз

Баерн Минхен успеа да ја стивне бурата околу Михаел Олис и Реал Мадрид, а пред баварскиот гигант сега е нов предизвик – да успее да одолее на налетите на Ал Хилал по Луис Дијаз.

Колумбиецот пристигна пред една година од Ливерпул и се покажа како супер-засилување, крилниот офанзивец формираше топ-трио со Кејн и со Олис, но токму тие добри игри беа препорака за најбогатиот клуб од Саудиска Арабија да тргне по неговиот потпис.

Првата понуда од 70 милиони евра била одбиена, но Ал Хилал ќе се врати со нов обид. Проблем за Баерн е што и самиот фудбалер сериозно размислува за преселба во Саудиска Арабија, Колумбиецот има 29 години и верува дека ова е одлична можност да потпише „договор од соништата“ од финансиски аспект, ако се знае дека понудата од Ал Хилал е над 30 милиони евра по сезона.

Доколку Дијаз инсистира на трансфер, Баерн би дал зелено светло за над 80 милиони евра отштета. Приоритет нема да биде нов игра што би бил стандарден првотимец и нова „ѕвезда“ ако се знае дека Компани сега на располагање ќе го има и здрав Мусиала, како и Саибари, кој беше потпишан од ПСВ Ајндховен и може да игра на неколку различни позиции во нападот.

Се вчитува...