Проблем за Баерн: Крај на сезоната за Чупо Мотинг?

Томас Тухел се соочува со нов проблем по информацијата дека Ерик Чупо Мотинг влече незгодна повреда поради која речиси сигурно нема да може да се врати на терените до крајот на оваа сезона. Камерунецот се жали на болка во коленото, се обиде да игра и повреден на реваншот со Манчестер Сити, но проблемот станува се посериозен, па тој веќе две седмици е надвор од тренажен процес.

Германските медиуми информираат дека Чупо Мотинг во последните денови минува многу време на детални прегледи во една клиника во Минхен,  но прогнозите на лекарите воопшто не се оптимистички. Проблемот не е премногу сериозен, но сите доктори препорачале пауза од еден месец како единствен начин за повредата да биде целосно санирана. Ова е главоболка за Тухел, кому Чупо Мотинг му е единствен класичен напаѓач во тимот, па германскиот стручњак повторно ќе мора да му даде шанса на Садио Мане како најистурен во навалната линија.

Баерн минатиот викенд се врати на чело на бундеслигашката табела, a баварскиот гигант наредниот викенд го очекува гостување против Вердер Бремен.

Се вчитува...