Проблем за Барса, се повреди Жорди Алба

Ернесто Валверде се соочува со нов проблем околу составот на Барселона откако на денешниот тренинг повреда заработи Жорди Алба.

Левиот бек не успеа да го доврши тренингот и веќе е повеќе од сигурно дека тој нема да може да настапи на утрешниот дуел од ЛШ, на „Камп ноу“ против Олимпијакос, на кој шанса ќе добие Французинот Дињ.

Во текот на утрешниот ден ќе бидат познати и повеќе детали околу должината на паузата, но јасно е дека евентуално поголемо отсуство ќе биде значителен проблем во период во кој Барса за 18 дена треба да одигра шест натпревари (два со Олимпијакос во ЛШ, против Малага, Атлетик Билбао и Севилја во Примера и против Мурсија во Копа дел реј).

Се вчитува...