Проблем за Давитков: Стајиќ го пропушта Косово

Македонската репрезентација ќе биде ослабена за стартот на претквалификациите откако Бобан Стајиќ дозна дека ќе мора да мирува неколку дена по повредата заработена на дуелот со Бугарија. Повредата на мускулот на ногата не е премногу сериозна, но мечот со Косово е на програмата веќе в среда, недоволно време за плејмејкерот да се рехабилитира и да му се стави на располагање на селекторот Давитков.

Денеска бев на прегледи по повредата на мускулот и како што стојат работите тешко дека ќе можам да играм против Косово, а можеби и против Естонија во второто коло наредната сабота. Очекувам да бидам стопроцентно подготвен за преостанатите две средби од овие претквалификации“ – изјави Стајиќ за ЕКИПА.

Стајиќ во подготовките беше трета опција на позицијата плејмејкер, зад Теодор и Костоски, но редовно во периодот минат на теренот внесуваше енергија како во нападот, така и во одбраната на нашиот национален тим. Добра вест за селекторот Давитков е што капитенот Војдан Стојановски ја надмина ситната повреда поради која не играше со Бугарија, но дефинитивно ќе биде подготвен за настап на дуелот во Приштина на 2 август.

Се вчитува...