Проблем за Сари – Дибала „виси“ за реваншот со Лион

Јувентус со вчерашниот триумф над Сампдорија го осигура деветтото скудето во низа, но „старата дама“ скапо ја плати оваа победа поради повредите што во првото полувреме ги заработија Пауло Дибала и Данило. Особено загрижувачка е состојбата на аргентинскиот голгетер, кого го очекува трка со времето за да може да биде подготвен за реваншот од осминафиналето во ЛШ против Лион, закажан за 7 август.

Денешните детални лекарски прегледи покажаа дека станува збор за истегнување на мускулните влана на левата нога, вообичаената пауза за ваков вид на повреди изнесува околу 15 дена, па лекарите на Јуве ќе имаат тешка задача да го опорават Дибала порано од предвиденото, воедно ризикувајќи да дојде до уште посериозен проблем.

За разлика од аргентинскиот голгетер, деталните прегледи врз Данило донесоа добри вести за тренерот Сари, кој ќе може да смета на бразилскиот десен бек и за последните две средби од Калчо-лигата.

Се вчитува...