Пеп Гвардиола повторно има сериозен проблем откако клучниот играч за врска, Шпанецот Родри се пожали на болка во истото колено поради кое го пропушти поголемиот дел од ланската сезона.
Тој беше стартер против Манчестер јунајтед, Наполи и Арсенал, потоа доби заслужен одмор во лига-купот против Хадерсфилд, но Гвардиола останал изненаден откако Родри во петокот му соопштил дека нема да може да настапи против Барнли.
„Родри тренираше и само дојде и ми кажа дека нема да може да игра. Имам силна болка во коленото, не можам, не можам да играм… Ако не може, тоа е тоа… Друг играше на негово место… Болката беше во истото колено, останува лекарските прегледи да покажат колку е сериозен проблемот“, изјави Гвардиола.
Манчестер Сити во второто коло од ЛШ ќе му гостува на Монако, потоа во Премиер-лигата ќе биде гостин на Брентфорд, дуели што Родри најверојатно ќе ги пропушти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

