Проблем за Валверде: Дембеле го пропушта дуелот со Лион во ЛШ

Каталонскиот гигант Барселона оствари триумф (3-1) над Рајо Ваљекано во Ла Лига, но по мечот дојдоа разочарувачки вести за тренерот Ернесто Валверде. Францускиот интернационалец Осман Дембеле заработи повреда на мускулот на левата нога и најверојатно ќе го пропушти реванш натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Лион. Дуелот ќе се одигра в среда на „Камп Ноу“, а Дембеле речиси и да нема никакви шанси навреме да се опорави за да биде подготвен за настап.

Дембеле влезе во игра на почетокот на второто полувреме на местото на Артур, го доигра натпреварот, но потоа се пожали на повреда. Во текот на денешниот и на утрешниот натпревар ќе треба да ги мине деталните лекарски прегледи.

 

Се вчитува...