Проблеми без граници: Погба пак се повреди

Шансите Пол Погба да се појави во таборот на француската репрезентација на СП во Катар се сведени на теорија по најновата повреда што асот на Јувентус ја заработи за време на тренинзите со својот клуб.

Тој се уште нема дебитирано за Јуве во Калчо-лигата по тешката повреда на менискусот заработена за време на летните подготовки, но Погба тренираше десетина дена со соиграчите и се веруваше дека ќе настапи на неколку средби во ноември, по што би можел да се најде и на списокот на селекторот Дешамп за патници за Катар.

Сепак, „Газета дело спорт“ тврди дека Погба е загубен за Јувентус до стартот на мундијалот откако заработил нова повреда, овојпат на бутниот мускул. Препорачаната пауза изнесува најмалку две седмици, а јасно е дека Јувентус ќе настојува тој по долгата пауза да не патува за Катар и да ризикува нова, уште посериозна повреда.

Се вчитува...