Проблеми без граници за Чави: Уште двајца фудбалери на Барса отпаднаа за „Ел Класико“

Проблемите на Чави Хернандез со повредите на првотимците на Барселона уште повеќе се продлабочија по вчерашниот дуел со Интер во Лигата на Шампионите.

Каталонците утрово се вратија дома, а по извршените детални лекарски прегледи беше утврдено дека Чави извесно време нема да може да смета на Андрес Кристенсен и на Франк Кеси. Кристенсен има истегнување на лигаментите на скочниот зглоб и ќе мора да отсуствува најмалку две седмици, додека Кеси се пожали на болка во мускулот и ќе паузира уште подолго од данскиот дефанзивец.

Со ова, двете летни засилувања дефинитивно отпаѓаат од комбинација за првото големо дерби со Реал Мадрид што ќе биде на програмата на 16 октомври.

Чави нема да може да смета ниту на Араухо, повреден од дефанзивците е и Кунде, а најголеми шанси за камбек до првото „Ел Класико“ за сезонава е Френки де Јонг.

Се вчитува...