Проблеми без граници за Јуве – се повреди и Бонучи

Андреа Пирло ќе има тешка задача да ја „закрпи“ одбраната на Јувентус по репрезентативната пауза, Кјелини ќе отсуствува еден месец од терените, а денеска повредата на мускулот ја обнови и Леандро Бонучи. Италијанскиот репрезентативец во изминатите денови тренираше со националниот тим, но откако повторно почувствува болка во повредениот мускул реши да се врати назад во Торино.

„Сакав да играм по секоја цена за Италија. Сепак, имав премногу проблеми во претходните дваесетина дена, потоа и се повредив на дербито со Лацио. Болката повторно беше присутна и јасно е дека нема да можам да играм, се враќам во Торино за да бидат извршени прегледи, по што ќе биде познато и колку ќе изнесува паузата“, изјави Бонучи.

Пирло од централните дефанзивци на располагање ќе го има само Демирал, а триесетина минути по долгата пауза поради повреди би можел да одигра и Де Лихт. Ако има добра вест за Јуве тоа е добриот распоред во првите петнаесетина дена по репрезентативната пауза, кога Јуве ќе се сретне со Калјари и со Беневенто во Серија А, како и со Ференцварош и со Динамо Киев во Лигата на Шампионите.

Се вчитува...