Проблеми без граници: Зидан остана без уште еден клучен играч за финишот од сезоната

Зинедин Зидан цела сезона се мачи со бројните повреди во играчкиот кадар на Реал Мадрид, а ситуацијата е крајно проблематична и во финишот од шампионатот.

Серхио Рамос, Рафаел Варан и Дани Карвахал минатата седмица заработија нови повреди поради кои не настапија со Севилја, а на листата на повредени играчи од денеска е и левиот бек Ферлан Менди. Французинот се пожали на болка веднаш по реваншот со Челси, а денешните детални прегледи донесоа лоша вест – Менди ќе мора да паузира најмалку три седмици, што практично значи дека нема да може да настапува за Реал до крајот на сезонава.

Во една ваква ситуација, Зидан за следниот дуел од Ла Лига против Гранада нема да може да смета на стандардните четири дефанзивци (Рамос, Варан, Карвахал и Менди), во „аут“ е и Лука Васкез, а крајно неизвесно е дали во тимот ќе може да се појави и Одриозола.

„Кралевите“ на три кола до крајот на сезоната се наоѓаат на второто место на табелата, со ист број бодови како и третопласираната Барселона и два бода заостанување зад лидерот Атлетико Мадрид.

Се вчитува...