Реал Мадрид се соочува со сериозен кадровски дефицит откако беше потврдено дека Едер Милитао и Арда Гулер поради повреди на тетивите ќе отсуствуваат до крајот на тековната сезона. Двајцата фудбалери се повредија на неодамнешниот првенствен дуел против Алавес, кој „кралевите“ го добија со 2-1.
Младиот Турчин, заработи повреда на десната нога, додека ситуацијата со Милитао е значително посериозна. Бразилскиот дефанзивец ја повреди левата нога, а првичните прогнози се толку загрижувачки што неговиот настап е под знак прашалник дури и за Светското првенство.
Ова е огромен удар за одбраната на Алваро Арбелоа бидејќи ги чека невозможна мисија во борбата за титулата со Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
