Барселона остана без три победа по поразот од Гранада со 1-2, но проблемите за каталонскиот состав од свој натпревар се пролабочија откако на тренерот Роналд Куман дисцпилинската комисија на Фудбалската федерација на Шпанија му изрече казна од два меча суспензија за црвениот картон на мечот.
Тренерот на Барселона беше искучен од натпреварот, а како причина беше наведено вреѓање кон четвртиот судија. По натпреварот Холанѓанецот изјави дека воопшто не знае што добил црвен картон, но Дисципилнската комисија не застана на страна на стратегот.
Однесувањето на Куман спаѓа во категоријата ‘дела кои омаловажуваат или непромислено дело кон судија, директор или спортски сопственици’, а суспензијата од два меча е предвидена како казна за прекршување на истото. Тоа значи дека тернерот на Барселона нема да го води својот тим на дуелите против Валенсија и Атлетико Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА