Проблеми во Јута – Мичел бесен на Гобер: Ме зарази со коронавирус, готово е меѓу нас!

Јута се соочува со сериозен проблем во своите редови откако комплетно се наруши односот меѓу нивните клучни кошаркари Донован Мичел и Руди Гобер. И двајцата се опоравија од коронавирусот, но Мичел не сака да му просто на Гобер за тоа што го зарази со Ковид-19.

Гобер на 11. март беше позитивен на Ковид-19, а потоа само поради неодговорното однесување на Гобер, позитивен на коронавирус беше и Донован Мичел, што ги влоши односите меѓу двајцата кошаркари.

„Јас не можам да бидам во ист тим со една таква личност. Не беше воопшто одговорен, се шегуваше со коронавирусот додека сите ние внимававме а потоа се покажа дека е позитивен. Нема што да разговарам со него, готово е меѓу нас“ – бил ставот на Мичел кој го пренесуваат американските медиуми.

Лутината на бекот на Јута оди до таа мера што ги одбил напорите на раководството, Гобер да му се извини и со тоа се да заврши. Доколку нема помирување меѓу двајцата од клубот најавуваат дека еден ќе мора да го напушти тимот.

Се вчитува...