Проблеми за Борусија Д. пред дербито: Без првиот голман против Баерн

Борусија Дортмунд и онака заостанува девет бода зад Баерн Минхен, а сега пред меѓусебната пресметка во Минхен, „милионерите“ влегуваат дополнителни ослабени.

Баерн Минхен со победа може да  ја обезбеди титулата во Бундеслигата, а за таа цел ќе има противник кој што остана без првиот голман Грегор Кобел. Ова го потврди и првиот тренер на „милионерите“ Марко Розе.

Грегор Кобел се повредил на минатонеделната средба против Волфсбург, додека исто така Борусија ќе биде и без Аксел Витсел, додека под знак прашалник се и Мариус Волф и Дан-Аксел Загаду. Борусија го потврди враќањето на Рафаел Гереиро и на Феликс Паслак.

„Баерн Минхен ќе игра со мислата дека со победа ја обезбедува титулата. Ќе се обидеме да ги сопреме. Игравме добар натпревар минатата сабота, и ќе ни треба сега уште подобра игра ако сакаме да победиме“, рече Розе.

Натпреварот се игра во сабота во 18:30 часот. За двата тима остана само надежта дека ќе ја освојат титулата во Бундеслигата, со оглед дека се испаднати и од Купот, и од европските натпреварувања.

Се вчитува...