Германија има главоболки пред престојното Европското првенство во ракомет, кое се игра во јануари во нивната земја. Откако тешко се повреди Пол Друкс, сега за настап на ЕВРО е неизвесен и Филип Вебер. Станува збор за двајцата леви бекови на германската репрезентација.
Магдебург објави дека на Супер Глоуб ќе настапат без Вебер, откако се повреди на првиот меч од турнирот против Калиџ Саихата. Тој лошо доскокна и мораше да биде изнесен на носилки.
Најдобриот стрелец во Бундеслигата во 2017 година е под голем знак прапалник за ЕП, откако и во минатото имаше проблеми со повредите.
Германија е во група со Македонија, Франција и Швајцарија на евро собирот кој се одржува во првиот месец од идната 2024 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА