Лестер ќе биде без својот голгетер Џејми Варди меѓу три и четири недели, изјави менаџерот на англискиот клуб Брендон Роџерс. 34-годишниот напаѓач оваа сезона постигна девет гола во Премиер лигата, играјќи 90 минути во победата на Лестер од 1-0 над Ливерпул на 28 декември.
Варди има истегнување на мускулот што го спречи да игра во поразот на Лестер со 3:6 од шампионот Манчестер Сити по Божиќ.
„Џејми Варди нема да игра викендов. Во зависност од околностите, тој ќе биде надвор од терените три до четири недели“, изјави Роџерс за медиумите.
Џејмс Медисон е подготвен и ќе се врати кај Лестер Сити по лекувањето на повредата, откри менаџерот на клубот. На 1 јануари Лестер на домашен терен ќе игра против Норич.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА