Проблеми за лидерот: Антонели ќе стартува последен во Монца

Лидерот во генераниот пласман во Формула 1, Кими Антонели, го очекува тежок предизвик на трката во Монца закажана на 6 септември, што младиот Италијанец ќе мора да ја стартува од последното место.

Причина, проблемите со моторот со кој болидот на Антонели се соочи минатиот викенд поради кои тимските шефови во Мерцедес донесоа одлука за целосна промена на погонската единица. Бидејќи Мерцедес веќе го искористи дозволниот лимит за промена на мотори за сезонава, Антонели ќе биде казнет со старт на наредната трка од последната позиција.

„Што се однесува до Кими, ке замениме се во моторот. Во теорија, нашите проценки велат дека Монца е најдобра патека за да ја одработиме оваа казна. Мораме да се бориме за титулата, па затоа и мораме да го повлечеме овој чекор“, изјави тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф.

Антонели се наоѓа на чело на генералниот пласман со вкупно 242 бода освоени сезонава, пред тимскиот колега Џорџ Расел и Луис Хамилтон од Ферари со по 183 бода.

Се вчитува...