Жељко Обрадовиќ по Ефес најави дека двајца играчи нема да можат да патуваат во Сплит, а сега се знае на кого нема да може да смета во второто коло од АБА лигата.
Според српските медиуми, Вања Маринковиќ и Шејк Милтон не заминале во Хрватска.
Капитенот на Партизан го одигра првото полувреме во победата против Ефес, но потоа не беше на паркетот, па се претпоставува дека се работи за повреда.
Милтон одигра до крајот на мечот, но очигледно по мечот пријавил повреда, па Обрадовиќ не сакал ништо да ризикува.
„Имаме одредени проблеми, па ќе видиме со каков состав ќе излеземе утре против Сплит. Очекувам придонес од сите играчи, но потребна ни е свежина од оние кои имаа помала минутажа. По 48 часа од претходниот натпревар, многу е тешко да се игра, но мораме да се подготвиме“, изјави Обрадовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

