Проблеми за Реал – Крос во изолација, неизвесен за дуелот со Билбао

На две кола пред крајот на шпанското првенство, Реал Мадрид води „мртва“ трка со градскиот ривал Атлетико за првата позиција на табелата. Во 37. коло од лигата, „кралскиот“ клуб ќе се сретне против Билбао, но тренерот Зидан на овој натпревар најверојатно нема да може да смета на услугите на Тони Крос кој поради контакт со заболен од коронавирусот е во самоизолација.

Како што стои во соопштението на клубот, Крос по тестирањето е негативен на вирусот, но останува непознато колку време ќе биде оддлачен од клубот.

Се вчитува...