Проблеми за Романците пред мечот со Македонија: Селекторот позитивен на Ковид-19

Романската фудбалска репрезентација се соочува со сериозни проблеми пред натпреварот со Македонија на отварањето на квалификациите за Светското првенство 2022, кој е закажан за 25. март во Букурешт, откако селекторот Мирел Родои на последните тестирања е позитивен на коронавирус.

Романците ја одложија утрешната прес-конференција, а селекторот ќе помине низ нови тестирања со цел да се потврди целата ситуација.

„Понеделникот, 15 март, бев тестиран за Ковид-19, кој за жал, испадна позитивен. Немам симптоми и со цело мое срце се надевам дека станува збор за грешка, или во најлоша можна ситуација, дека сум блиску до крајот на тој 14 дневен период, со цел да продолжиме со нормалниот тек на подготовките“ – соопшти селекторот на Романија.

 

Се вчитува...