Проблеми за Седлоски пред Лигата на нации: Серафимов со тешка повреда на раката

Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов заработи непосакувана повреда на синоќешниот натпревар на гостувањето на неговиот Левски против Славија Софија во бугарското првенство.

Според извештаите од Бугарија, Серафимов заработил сериозна повреда на десната рака, по еден незгоден пад на теренот.

Македонскиот фудбалер веднаш го напушти теренот, пренесен во клиничкиот центар во Софија.

Од клубот информираат дека во текот на денов се очекуваат дополнителни информации околу сериозноста на состојбата на Серафимов.

Ова се, без сомнение, непосакувани вести и за македонскиот селектор Гоце Седлоски пред септемвриските настапи на македонската репрезентација во Б-дивизијата од Лигата на нациите.

Се вчитува...