Проблеми за Симеоне пред дуелот со Сити: Атлетико патува во Манчестер без Хименез

Атлетико Мадрид ќе биде значително хендикепиране на утрешниот натпреваро со Манчестер сити, во Лигата на шампионите. Првиот четвртфинален меч поради повреда ќе го пропушти Хозе Марија Хименез.

Хименез, во саботата, одигра 86.минути во убедливиот триумф над Алавез (4-1). Клубот објави дека Хменез нема да патува во Манчестер поради болки во мускулот.

Натпреварот со Манчестер сити поради повреда ќе го пропушти и Мексиканецот Ектор Ерера, а поради суспензија нема да игра Јаник Караско.

Се вчитува...