Кошаркарската репрезентација на Србија утре против Ангола ќе го почне настапот на Светското првенство во Кина. Селекторот на Србија, Александар Ѓорѓевиќ се соочува со проблеми пред првиот меч на шампионатот. Тој нема да може да смета на услугите на Немања Бјелица кој поради повреда на коленото ќе мора да го пропушти премиерниот дуел.
Бјелица сигурно ќе го пропушти првиот меч од шампионатот против Ангола кој на програмата е утре, а неизвесен е и за следните два меча против Филипини и Италија.
Добра вест за српскиот состав е што „фит“ за настап е Лучиќ, кој поради повреда го пропушти поголемиот дел од подготвителниот период.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА