Судот во Бремен донесе денеска пресуда во корист на поранешниот хрватски репрезентативец, Иван Класниќ кој ги тужеше лекарите од својот поранешен клуб Вердер Бремен за груби грешки кои предизвикале губење на бубрезите.
„Клупскиот доктор Димански и докторката Манја Гуха направиле груби лекарски грешки поради што се одговори за губењето на бубрегот на Иван Класниќ и сит здравствени проблеми кои потоа следеле“ – истакна судијата Клеменс Болај.
Двата лекари се должни на Класниќ да му исплатат отштета од 100.000 евра за претрпената болка, и плус да ги сносат дополнително сите лекарски трошоци кои следеле потоа за хрватскиот фудбалер. Покрај ова, Класниќ има право и на нематеријална отштета, но висината на истата дополнително ќе биде соопштена.
Судот во Бремен утврдил притоа дека, само во 2007 година поради неможноста да ги исполнува своите професионални обврски Класниќ претрпел материјална штета во висина од еден милион евра. Докторите се виновни за сета „материјална и нематеријална“ загуба на фудбалерот.
Интересно е дека во периодот од 2002 до 2005 година двајцата доктори воопшто не препознавале наоди во кои, според сведочењето на стручни лица, било дека има показатели дека нешто не е во ред со бубрезите. Ако навреме се реагирало ќе се спречела болеста. Проблемите со бубрезите биле откриени случајно во 2005 година при операција на слепо црево.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА