Проблемите за Конте не застануваат: Куртоа, Мората и Вилијан не играат против Њукасл

Менаџерот на Челси Антонио Конте, на денешната прес – конференција во пресрет на првенствениот меч со Њукасл, истакна дека нема да смета на тројца клучни играчи во 25. коло од Премиер – лигата.

„Тибо Куртоа и Алваро Мората и натаму не се целосно опоравени, додека се уште чекаме нови прегледи на повредата на Вилијан за да потврдиме дали е и колку воопшто е сериозна повредата. За тоа ќе дознаеме во текот на денешниот ден, додека утре ќе одлучам дали Фабрегас ќе настапи откако ќе проценам колку е кондициски подготвен“, истакна предводникот на „сините“ од Лондон.

Поразот од 2-1 против Арсенал во решавачкиот полуфинален меч за пласман во финалето на Лига купот пред неколку дена дополнително создаде проблеми во таборот на актуелниот англиски првак. Пред се, истакнато е незадоволството на Конте поради нереализирани трансфер цели и во овој преоден рок, додека поставија темели во домашното првенство откако во последните осум средби се непоразени со пет издвоени победи.

Натпреварот Челси – Њукасл е закажан за 31. јануари (среда), со почеток од 20:45 часот.

Се вчитува...