Проблемот на Синер е сериозен, ќе мора на нова операција?!

Јаник Синер кон средината на месец јули се закити со титулата на Вимблдон, но италијанскиот ас оттогаш не го гледаме на тениските терени.

Паузата се повеќе се одолговлекува, а последните информации од Италија говорат дека може да биде и уште значително подолга ако Јаник мора да замне на нова операција.

„Проблемот на Синер е деликатен, тој има мака со ткивото над коленото. Проблемот не е во коленото, туку во делот над него… Засега тој го третира со одмор, потоа со многу физиотерапевтска работа, со постепено зголемување на оптеретувањето, за да не чувствува болка. Доколку и тоа не даде резултати, Синер наскоро ќе мора на операција. Таа опција воопшто не е невозможна“, пишува италијанскиот весник „Кориере дело спорт“.

Клучното прашање е – кога можеме да го очекуваме Јаник Синер повторно на тениските терени.

„Тој е пријавен за Шангај од 7 до 18 октомври, но шансите да заигра таму се многу, мноу мали“, пишува истиот автор за „Кориере“.

Се вчитува...