Продолжен рокот за билети за ЕВРО 2020: Купување може до 31. мај!

Поддржувачите на македонската А репрезентација кои сакаат да ја бодрат селекцијата на натпреварите од ЕУРО 2020 се уште може да купат билети за мечевите од Европското првенство преку Фудбалската федерација на Македонија.

Рокот е дополнително продолжен, па заинтересираните поддржувачи на македонската репрезентација за купување билети за натпреварите од ЕУРО 2020 може да купат билети со код за мечевите на Македонија до понеделник (31. мај) до 10 часот.

Преку електронска најава (име и презиме, натпревар(и) од ЕУРО 2020 заинтересирани да го следите и број на билети) испратени на e-mail адресата biljana.velkovska@ffm.com.mk, најпрвин се пријавуваат заинтересираните навивачи за купување билети, а доколку има можност барањето да се одобри, на e-mail адресата од која е испратено барањето добивате посебен код за пристап на платформата на УЕФА за продажба на билети за ЕУРО 2020.

Специјалниот код за пристап и добивање можност за купување на билети за натпреварите на македонската репрезентација од Европското првенство е ограничен со можност за купување на два или најмногу четири билети за натпреварите од групата на Македонија од ЕУРО 2020.

Сите билети кои Фудбалската федерација на Македонија има можност да ги понуди за продажба на македонските навивачи се од категорија 3. Цената на чинење на еден билет изнесува 30 Евра за натпревар во Букурешт, односно 50 Евра за третиот натпревар од групата против Холандија во Амстердам.

Се вчитува...