Продолженијата пресудија – Гостивар го доби дербито против Еуро Никел

Кошаркарите на Гостивар со победа ќе ја заокружат 2021-та година, откако обезбедија триумф на домашен терен против Еуро Никел од 106-105. во дерби мечот од 12. коло во кошаркарската лига на Македонија. Првата четвртина припадна на гостите, но домашниот тим се реваншираше во вториот период и на пауза замина со предност од 48-45.

И во третиот период продолжи изедначената игра, што само сведочеше за квалитетот и силата на двата тима, а по десет минути игра домаќините задржаа минимална предност од 66-63.

Вистинска драма се случи во последните минути од натпреварот во кој гостите за првпат дојдоа до предност, а потоа следуваше игра кош за кош и реми по официјалните четири периоди. Продолженијата и среќата припаднаа на домаќините, кои на крај успеаа да слават значајна и тешка победа против жилавиот Еуро Никел со 106-105.

Марјан Јанески со 30 поени беше прво име во таборот на домашните, додека кај гостите со исто толкав број на поени беше Дарко Соколов.

Се вчитува...