Продолжува агонијата на Мурињо во Премиер-лигата – Пораз на Тотенхем и од Вест Хем (ВИДЕО)

Нема крај на проблемите за Жозе Мурињо во англиската Премиер-лига, откако денеска неговиот Тотенхем во малото градско дерби загуби на гостувањето кај Вест Хем со 2-1. Водство за „чеканите“ донесе Антонио во 5. минута, а предноста ја удвои Џеси Лингард во 47.

До крајот гостите успеаја преку Лукас во 64. минута само да го ублажат поразот. Ова беше четврти пораз за Тотенхем во последните пет натпревари и во моментов се наоѓаат на 9. место на табелата со 36 освоени бода. Вест Хем е на одличното 4. место со 45 поени.

 

 

 

Се вчитува...