Првата светска тенисерка, Арина Сабаленка ја продолжува доминацијата на последниот годинешен грендслем турнир, УС Опен и обезбеди пласман во четвртфиналето откако ја совлада домашната тенисерка, Тејлор Таусенд.
Сабаленка до 17-та победа во ред на УС Опен дојде за само еден час и 15 минути во кои славеше со 6-4,6-3.
Во првиот сет беа направени дури седум брејкови, а одлучувачки се покажа седмиот гем кога Сабаленка победе со 5-2 и можеше да си дозволи дури и да загуби уште еден свој сервис, а да слави со 6-4.
Во вториот сет, Таусенд поведе со 1-3 во гемови, но потоа следеше од пет освоени гемови по ред за белоруската тенисерка за конечен триумф од 6-3.
За пласман во полуфиналето, Сабаленка ќе игра со подобрата од дуелот меѓу шестата носителка Линда Носкова и 11-та Марта Костјук.
Интересно, е што и доколку триумфира на УС опен, Сабаленка може да го загуби првото место на ВТА ранг-листа и тоа доколку Елена Рибакина се пласира во полуфиналето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
