Продолжува хаосот во НБА: Ново одложување натпревари

Натпреварите кои беа предвидени со четврточната програма во НБА плеј-офот нема да бидат одиграни. Лигата информираше дека средбите се одложуваат во надеж дека разигрувањето ќе биде продолжено утре или в сабота.

Со оваа одлука Јута – Денвер, Торонто – Бостон и Далас  – Лос Анџелес Клиперс се средбите кои беа предвидени, а нема да бидат одиграни. НБА соопшти дека повторно ќе биде одржан состанок на кој ќе бидат преставници на Лигата, претставници на 13-те клуба кои се во Орландо, дел од играчите  како и на Асоцијацијата на кошаркари за да биде донесен конечен став околу следните чекори.

Претходно, Милвоки не се појави на теренот за средбата со Орладно, по што бееа одложени уште два дуела. Причина е револтот кај играчите поради последните случувања во САД поврзани со полициската бруталност.

 

 

Се вчитува...