Продолжува извонредната гол-форма на Миовски: Ги „тресна“ и Муслиу и Николов (ВИДЕО)

Продолжува извонредната гол-форма на Бојан Миовски во унгарскиот шампионат. Во македонската пресметка од 10. коло во најсилната лига на Унгарија, МТК убедливо со 3-1 славеше против Мол Фехервар, тимот на македонските репрезентативци Висар Муслиу и Бобан Николов.

Третиот гол за МТК во 64. минута беше дело на Миовски.

Претходно, уште во 8. минута МТК поведе со гол од белата точка, откако пенал направи Муслиу, кој настапи од првата минути за гостинскиот тим, како и Бобан Николов.

МТК со овој триумф се доближи на само еден бод до Мол Фехервар, и два од водечките Ференцварош и Пакс.

Се вчитува...