Продолжува Лигата на шампионите – Се ќе биде различно и досега невидено

Лигата на шампионите се враќа по пауза од пет месеци. По денешните и утрешни осминафинални натпревари, „елитниот караван“ се сели во Лисабон, каде за првпат во турнирски систем ќе биде одиграна завршницата на континенталното клупско првенство.

Манчестер Сити со предност од 2-1 по првиот натпревар ќе го пречека Реал Мадрид, додека Јувентус на домашен терен ќе се обиде да ја анулира негативата од 1-0 од првиот натпревар против Олимпик Лион. Утре, Баерн Минхен само треба да го официјализира настапот меѓу осумте најдобри против Челси кој на првиот меч на „Стемфорд Бриџ“ го доби со 0-3, додека Барселона има мала предност по првиот меч против Наполи на нашиот Елиф Елмас, откако натпреварот на „Сан Паоло“ заврши 1-1.

По завршувањето на осминафиналето четирите победници ќе им се придружат на Пари Сен Жермен, Аталанта, Атлетико Мадрид и Ред Бул Лајпциг во Лисабон каде на стадионите „Луж“ и „Алваладе“ ќе се играат мечевите за титулата. Фудбалерите нема да смеат да ги напуштаат хотелите во кои ќе бидат сместени, ниту ќе смеат да нарачуваат храна која не се прави во хотелот.

Се вчитува...