Продолжува неизвесноста, Левандовски разочаран и очаен од раководството на Баерн

Ѕвездата на Баерн Минхен, Роберт Левандовски и понатаму е разочаран и очаен, имајќи предвид дека посакува промена на средината и трансфер во Барселона. Сепак, засега „баварците“ играат тврдо, па се уште нема прогрес во преговорите меѓу двете страни.

Неговиот соиграч од полската репрезентација, Томаш Хајто изјави дека Левандовски е многу разочаран од целата ситуација.

„Тој е длабоко разочаран. Оливер Кан рече дека му пратиле понуда за обнова на договорот, но Роберт вели дека никогаш не добил. Левандовски е многу разочаран. Овие работи треба да се решат интерно, а не јавно. Ниту на Роберт, ниту на Баерн не им е потребен ваков театар“, вели полскиот фудбалер, Томаш Хајто.

Баерн Минхен знае дека во моментов не може да најде фудбалер кој би гарантирал толку голови како Левандовски, го договорија трансферот на Мане, но тој е друг тип на напаѓач.

Се вчитува...