Продолжува очајната серија на Удинезе, но Сотил не дава шанса за Несторовски (ВИДЕО)

Удинезе продолжува со катастрофалната серија од пет едноподруго натпревари без победа во Серија А, со нов кикс во 13. коло, ремизирајќи (1-1) на домашен терен со Лече.

Удинезе се спасуваше и од негатива на натпреварот откако Лече поведе преку Коломбо во 33. минута од средбата.

Домашните успеаја да израмнат, барем за бод, со голот на Бето во 68. минута од средбата.

Но, и покрај тоа што Удинезе никако не успева да дојде до триумф, македонскиот напаѓач Илија Несторовски никако да добие шанса за настап од тренерот Сотил. И вечерва во Удине остана само на клупата за резервни фудбалери.

Се вчитува...