РК Алкалоид е пред освојување на пехарот во ЕХФ Европскиот куп, а реваншот е на програмата во недела во 20:30 часот во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.
Откако беа пуштени во продажба, се појави технички проблем при продажбата. Но, сега се е во ред, и продажбата продолжува со полн интензитет. Се очекуваат полни трибини во недела.
Натпреварот е класифициран како настан со висок ризик. Секое лице ќе има можност да купи најмногу пет (5) билети, при што задолжително е да се внесат следниве податоци: име, презиме и број на лична карта.
Сите информации околу билетите за натпреварот на следниот ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА