Продолжува сагата: Рајо одбил 5,5 милиони од Ал Наср, Димитриевски се приклучи на тренинзите

Рајо Валјекано ја одбил најновата понуда од 5,5 милиони евра на Ал Наср за Столе Димитриевски, пренесува Маркос де Висенте од „Ел Чирингуито“. Според информациите, Рајо не отстапува од желбата да го задржи голманот во своите редови и да не го продаде во јануари.

И се чини тоа ќе се случи, со оглед дека „Ел Чиринугито“ пренесува дека Рајо бара да се плати клаузулата која наводно изнесувала 50 милиони евра.

Сепак, се шпекулира дека Ал Наср ќе ја зголемува понудата, па прашање ќе биде дали Рајо ќе може да одолее на понудите од Саудиска Арабија.

И Барселона го сакаше голманот на Рајо, но од „Ноу Камп“ не се подготвени да платат многу пари за неговите услуги.

Во меѓувреме Димитриевски се врати на тренинзите на Рајо после повредата на тетивата, поради која го немаше на последните неколку меча.

Се вчитува...