Продолжува суровоста кон животните – турски клуб жртвувал овен за крај на лошите резултати (ФОТО)

Суровоста кон животните во фудбалскиот свет продолжува понатаму. По скандалот со Курт Зума која ја тепаше својата мачка, овој пат страшни вести доаѓаат од Турција каде фудбалерите и стручниот штаб на Кочаелиспор жртвуваа овен за крај на лошите резултати.

Имено, по поразот со Болуспор од 23. коло во Втората турска лига клубот ја продолжи низата на порази која сега изнесува пет едно по друго со што се приближи кон дното на табелата, а спас најде во жртвување на животно, потег кој го објави и на социјалните медиуми. Таму наиде на жестоки критики, но за жал имаше и такви кои го поддржаа потегот на клубот.

Се вчитува...