Продолжува циркусот на Сенегал и Мароко: Вмешана и ФИФА!

Малку работи во светот на фудбалот можат да се споредат со она што беше видено во неделата во Рабат, во финалето на Африканскиот куп на нации (КАН).

Натпреварот меѓу Мароко и Сенегал се претвори во она што со право може да се нарече најголем скандал во модерната фудбалска историја.

Сè се случи за само 22 минути. Минути на целосен срам.

Сенегалците се обидоа да им се мешаат на играчите на Мароко, имаа и резервен голман зад голот со пешкир кој се обидоа и да му го грабнат, но без успех. Потоа се повлекоа од теренот, па се вратија на наговор на Садио Мане и 15 минути подоцна финалето продолжи, само за Брахим Дијаз да го промаши пеналот и Сенегал потоа да стана шампион.

Поради сето ова, и мароканската федерација најави тужби.

„Кралската мароканска фудбалска асоцијација објавува дека ќе контактира со надлежните правни органи во Конфедерацијата на африкански фудбал (ЦАФ) и Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) со цел да се разгледа повлекувањето на репрезентацијата на Сенегал од теренот на стадионот каде што се играше финалниот натпревар против мароканската репрезентација, како и настаните што следеа откако судијата досуди исправен пенал во корист на мароканската селекција, за што постои согласност на експертите. Сето ова во голема мера влијаеше на регуларниот тек на играта и на моралот на играчите. Од друга страна, Кралската мароканска фудбалска асоцијација изразува голема благодарност до сите марокански навивачи кои останаа лојални на репрезентацијата, кои масовно ја бодреа и и пружија идеална поддршка за време на сите натпревари на репрезентацијата. Исто така, им се заблагодарува на сите што придонесоа за успехот на ова континентално натпреварување“, се вели во соопштението на социјалните мрежи.

Се вчитува...