Продолжуваат успесите на кикбоксерите: И Силвио Мировски во полуфинале со најмалку обезбедена бронза на СП! (ФОТО)

Продолжуваат успешните настапи на македонските кикбоксери на Светското првенство во Абу Даби, ОАЕ.

По Бобан Илиски и Стефан Михајловски, и Силвио Мировски обезбеди место во полуфиналето и најмалку бронзен медал на шампионатот, откако во четвртфиналето во дисциплината Лоу Кик во категоријата до 71 килограм, славеше со 3-0 против Павел Конјечни од Полска.

Македонската кикбокс репрезентација во ОАЕ, предводена од првиот човек Дејан Митровски – Урко, денеска од трибините во Абу Даби поддршка доби и од амбасадорот на Македонија во ОАЕ, Абдулкадар Мемеди со членовите на неговиот кабинет Нехат Емини и Валентин Митровски.

Како што е познато, претходно најмалку бронза осигура и Стефан Михајловски кој во дисциплината Кик Лајт во категоријата до 94 килограми, во четртфиналето со прекин и 3-0 го победи египетскиот натпреварувач Мостафа Јахија Мохамед Саад, па се најде меѓу четворицата најдобри во својата категорија.

Бронзен медал има и Бобан Илиоски, но поради повреда нема да може да се бори во полуфиналето, обзнанувајќи на тој начин и крај на својата професионална кариера.

Се вчитува...