Проектилите на Ѓуроски го потопија Кастелјо

Стојан Ѓуроски продолжува со одличните настапи во дресот на Хуеска, откако македонскиот репрезентативец го предводеше својот тим до победа на дуелот со Тау Кастелјо, што Хуеска го доби со 95-84.

Македонецот беше незапирлив за гостинските кошаркари, завршувајќи го натпреварот со 26 поени, погодувајќи шест тројки од вкупно седум обиди. Покрај тројките, Ѓуроски имаше и перфектни 3/3 за два поени, а од трите обиди од линијата за слободни фрлања реализираше два пати.

Хуеска со синоќешната победа остана на делба на третото место на табелата со екипата на Леида.

Се вчитува...